ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Клиперс се поблиску до плеј-офот, Милвоки не се откажува од врвот

(ВИДЕО) Клиперс се поблиску до плеј-офот, Милвоки не се откажува од врвот

сподели

Четвртата победа во последните пет натпревари го однесе Лос Анџелес Клиперс многу блиску до пласман во разигрувањето за титулата, па дури и до место кое нема во првата рунда да го донесе шампионот Голден Стејт.

Благодарение на одличната трета четвртина оваа екипа славеше против Чикаго со 128:121 и сега има седум победи повеќе од Сакраменто со два натпревара плус. Булс беа подобри во првото полувреме, водеа со 63:57, но во третиот период Клиперс постигнаа 45 поени и направија целосен пресврт.

Галинари и Херел го предводеа домашниот тим постигнувајќи вкупно 53 поени. Зек Лавин со 31 беше најефикасен кај Чикаго.

ESPN

И Милвоки Бакс победи со пресврт и ја задржа убедливата предност пред второпласираниот Торонто Репторс. На гостувањето кај Мајами славеше со 98:113 иако по првото полувреме имаше 20 поени негатива (62:42).

Вториот дел му припадна на Милвоки со 71:36 и на крајот дојде и до убедлива победа. Адетокумбо остана на само една асистенција од трипл-дабл, постигна 33 поени, 16 скока и 9 додавања. Винслоу беше најефикасен кај Мајами со 20 поени.