ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Клетвата удри и по Стајиќ

(ВИДЕО) Клетвата удри и по Стајиќ

сподели

Малку недостасуваше Работнички да остане без уште еден важен играч во ростерот на третиот финален натпревар против МЗТ Скопје.

Бобан Стајиќ остана да лежи на паркетот во финишот од првата четвртина, жалејќи се на долниот дел од левата нога.

Откако му беше укажана лекарска помош плејмејкерот се врати во игра, но се движеше тешко, до третата минута од вториот период кога повторно се пожали на повреда.

Марин Докузовски на овој натпревар поради повреди не може да смета на капитенот Мираковски, на Караџовски и на Николовски.