ПОЧЕТНА Балкански лиги (ВИДЕО) КЛАСИЧЕН БАЛКАНСКИ ГРАБЕЖ: Убиство во напад, пред очите на сите, никој...

(ВИДЕО) КЛАСИЧЕН БАЛКАНСКИ ГРАБЕЖ: Убиство во напад, пред очите на сите, никој не е крив!

сподели

Партизан ја освои титулата во Купот на Србија, во финалето одиграно во Ниш. Црно-белите лавовски се бореа со „поквалитетниот“ противник, кој што за да докаже дека е таков, мора да одигра, а не да парадира.

Партизан имаше повеќе од играта во последниот период, дури и во второто полувреме, ако не и за време на целиот меч. Гробарите знаеја што сакаат и дојдоа да победат.

Но, не секогаш победува тој што ќе одигра подобро и тој што повеќе посакува да победи, туку секогаш би требало да победи тој што ќе даде повеќе поени во согласност со правилата на кошаркарската игра.

Црвена звезда беше бледа во текот на целата средба, но на крајот стисна заби и за момент го извади најдоброто од себе, се до трите спектакуларни судиски одлуки кои што директно влијаеја на конечниот резултат.

Добро, нека не се три, но една е сигурно – клучната е фаулот во напад, по тројката на Берон. Фаулот подложи на дискреционо и субјективно право на судијата, дали сака (смета дека треба) или не сака да го досуди.

Дали има или нема фаул, проценете сами:

Ако ова не беше фаул, тогаш арбитрите требаше молчат и при последниот, кој што беше исто така еклатантен пример за лична грешка, беше и повеќе од очигледен, кога Берон ја влечеше раката на Лендејл.

Да биде трагедијата поголема, прво беше досудена неспортска лична грешка, а потоа беше поништена и беше досудена „обична“ лична грешка. Или судијата се „помеша“ во механиката, трето нема.

Требаше да ги остават двата тима да се соочат и во дополнителни 5 минути, па таму нека се докажуваат кој е поголем маж. Вака, секогаш ќе постои сомнеж… А како потврда на сомнежот, постојат снимките…