ПОЧЕТНА Евролига (ВИДЕО) Каталонците го повлекоа дресот на Наваро

(ВИДЕО) Каталонците го повлекоа дресот на Наваро

сподели

На мини-церемонија пред стартот на вечното дерби со Реал Мадрид, Барселона го крена бројот 11 на грбот на униформата што ја носеше легендата на оваа екипа.

Единствениот Хуан Карлос Наваро, кој што одигра 20 сезони во боите на Блауграна, е лидер на вечната листа на стрелци во Евролигата.

Тој е двократен шампион на ова натпреварување, во 2003 и во 2010, на вториот фајнал-фор турнир беше избран за МВП, а најкорисен играч на сезоната беше во 2009-та година.

Наваро е рекордер со пет исбори во најдобрата петорка на сезоната и петти според бројот на одиграните натпревари во Евролигата.