ПОЧЕТНА Во позадина (ВИДЕО) Кампацо се закачна со Пешиќ, па ќе добиеше ќотек

(ВИДЕО) Кампацо се закачна со Пешиќ, па ќе добиеше ќотек

сподели

Релативно мирното Ел Класико во Блауграна успеа да го разбранува аргентинскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид.

Откако во регуларните 40 минути се скара речиси со сите противнички кошаркари, а од Анте Томиќ изнуди и техничка грешка, по завршувањето на натпреварот влезе во вербален дуел и со тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ.

Аплицирајте веднаш за

Популарниот Кари не можеше да се воздржи на безобразното однесување на Факундо Кампацо и тргна да му подели неколку воспитни.

За среќа, не дојде до нивен близок дуел бидејќи реагираа останатите кошаркари иако Аргентинецот и во тој случај продолжи да го провоцира трофејниот стручњак.