ПОЧЕТНА АБА (ВИДЕО) Како Шишко им ги скрши срцата на аеродромци

(ВИДЕО) Како Шишко им ги скрши срцата на аеродромци

сподели
фото: МЗТ Скопје/ Петр Стојановски

МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на домашен терен во АБА 2 иако прикажа херојска игра во дуелот со лидерот Приморска.

До две секунди пред крајот имаше позитивен резултат, се надеваше на одмазда за неуспехот во Копер во октомври, но не го издржа последниот напад.

Кобен за нашиот вицешампион беше Жан Марк Шишко кој го постигна победничкиот кош, а со тоа ја круниса својата фантастична игра во последната четвртина.

По овој пораз, во прашање доаѓа и второто место на табелата со оглед на тоа што Спарс победи и се израмни со нашиот тим. Освен тоа, МЗТ Скопје има премногу повредени кошаркари, а претстои тешко гостување кај четвртопласираниот Ловќен.