ПОЧЕТНА АБА (ВИДЕО) Како МЗТ Скопје загуби +8 за 44 секунди…

(ВИДЕО) Како МЗТ Скопје загуби +8 за 44 секунди…

сподели

Маријан Чакарун беше најдобар играч на натпреварот меѓу Приморска и МЗТ Скопје, но херој на мечот беше друг.

Кога словенечкиот претставник во АБА 2 се најде во речиси безизлезна ситуација, на сцена стапи 26-годишниот бек Ален Хоџиќ и со еден блицкриг го врати својот тим во игра.

Аплицирајте веднаш за

За 44 секунди, тој постигна вкупно осум поени вклучувајќи две тројки и едно положување и ја надополни негативата што ја имаше неговиот тим.

Со тоа го одведе натпреварот во продолжение, а епилогот го знаат сите: МЗТ Скопје не успеа да се наметне во дополнителните пет минути и го претрпе првиот пораз во АБА 2.