ПОЧЕТНА Евролига (ВИДЕО) Каква чест: Перо Антиќ уште е омилен во Истанбул

(ВИДЕО) Каква чест: Перо Антиќ уште е омилен во Истанбул

сподели

Трикратниот освојувач на Евролигата и поранешен македонски репрезентативец беше гостин на Фенербахче на дербито од 15-тото коло против Реал Мадрид.

Уште еднаш ја почувствува љубовта на навивачите кои не ги забораваат двете години поминати заедно.

Аплицирајте веднаш за

Пред почетокот на натпреварот, Антиќ беше топло поздравен од публиката во Улкер спортс арената, а и Фенербахче на својот профил на Твитер го одбележа неговото присуство.

„Нашиот поранешен играч Перо Антиќ дојде да му даде поддршка на Фенербахче. Перо, добредојде дома“, пишуваше на Твитер.

На крајот нашиот кошаркар се радуваше со своите поранешни колеги бидејќи Фенер победи и се зацврсти на првото место на табелата во Евролигата.