ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Каде гледаат судиите во НБА?

(ВИДЕО) Каде гледаат судиите во НБА?

сподели

Една од најсмешните ситуации во историјата на НБА лигата се случи на натпреварот меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокитс.

Во последниот напад на домашниот тим, Кевин Дурант беше со цело тело излезен надвор од теренот, а сепак ја врати топката во игра. Место да ја запрат играта и во акција да тргне Хјустон, судиите дозволија играта да продолжи.

Да биде уште посмешно, од тој напад Вориорс постигнаа кош преку Кари и поведоа со два разлика, оставајќи му на противникот време за еден напад.

Аплицирајте веднаш за

За среќа, Харден постигна тројка со истекот на времето и донесе правда на натпреварот кој можеше да заврши во корист на Голден Стејт. Интересно е тоа што судиите не ја ни прегледаа снимката, а само Харден од сите играчи на Хјустон рекламираше дека Харден, можеби, е во аут.

„Се обидов и успеав затоа што знаев дека судиите не гледаат многу работи, не само на овој натпревар, туку цела сезона и лесно е да ги измамиш“, изјави Дурант по натпреварот.

Хјустон победи со 135:134 и ја оствари шестата победа во низа. Имаат шанса дури и за првото место во Западната конференција ако продолжат со вакви игри и резултати.