ПОЧЕТНА Балкански лиги (ВИДЕО) И тренерите знаат да навиваат

(ВИДЕО) И тренерите знаат да навиваат

сподели
фото: MN press

Црвена Звезда ја освои четвртата титула во низа во српското првенство и тоа без пораз во плеј-офот.

Прво го елиминира Вршац, па Партизан и на крајот ФМП со вкупен биланс 7:0. Со тоа “црвено-белите” ја спасија турбулентната сезона во која одбранија само еден од трите трофеи од лани.

Во финалето од Купот на Србија загубија од Партизан, во истата фаза од АБА лигата подобар беше Будуќност, а Звезда не успеа да се пласира ни во плеј-офот од Евролигата.

Аплицирајте веднаш за

Променливите резултати доведоа до смена на тренерската позиција, сезоната ја почна Душан Алимпијевиќ, а ја заврши Миленко Топиќ. Токму тој беше во главна улога на прославата по освојувањето на титулата која традиционално се одржува на Калемегдан.

Капитенот Бранко Лазиќ го повика, а Топиќ на цел глас ги водеше присутните со своето скандирање покажувајќи дека овој елемент не му е непознат.