ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) И Барселона да му позавиди на МЗТ Скопје како мести офсајд

(ВИДЕО) И Барселона да му позавиди на МЗТ Скопје како мести офсајд

сподели

Александар Лазиќ од Мега Бемакс има еден од најинтересните потези во 18. коло на АБА лигата.

Против МЗТ Скопје, тој и се искраде на противничката одбрана, остана сам под кошот на македонскиот шампион и лесно реализираше со забивање.

Ситуацијата потсети на фудбал кога една екипа не внимава на противнички играч и го остава во офсајд-позиција.

Поставеноста на кошаркарите на МЗТ Скопје наликуваше на моментот кога Барселона намести офсајд во дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите пред три години.