ПОЧЕТНА Во позадина (ВИДЕО) Знаете ли кога Југопластика му се плашеше на МЗТ Скопје?

(ВИДЕО) Знаете ли кога Југопластика му се плашеше на МЗТ Скопје?

сподели
фото: youtube

Можеби не можат да се пофалат со титула, но македонските претставници во поранешна Југославија секогаш биле незгодни за поквалитетни и пославни противници, особено на домашен терен.

СФРЈ беше една од кошаркарските светски велесили, па играњето во елитата беше само по себе огромен успех и голема обврска. Работнички и МЗТ Скопје се менуваа во Првата лига, во зависност од финансиите, но дури и во најтешките моменти, немаше екипа која се наиграла во главниот град на Македонија.

За тоа најдобро зборува и ова видео, од сезоната 1987/88 кога во старата „лименка“ во Аеродром гостуваше Југопластика.

Аплицирајте веднаш за

Тоа е период кога се создаваше џинот од Сплит кој во следните три сезони (1989, 1990 и 1991) беше доминантна сила не само во југословенската лига, туку и во Купот на европските шампиони (сегашна Евролига) во која ги освои титулите.

За Југопластика тогаш играа Тони Кукоч, Дино Раѓа, Душко Ивановиќ, Горан Собин, Зоран Сретеновиќ итн., играчи кои ја сочинуваа базата на тимот, но и на југословенската репрезентација.

Тони Кукоч и Дино Раѓа во тој период беа ѕвезди во подем, само неколку месеци откако ја освоија светската младинска титула во Бормио

На спротивната страна, во синиот дрес на МЗТ Скопје се Стеван Гешовски, Влатко Владичевски, Дарко Кнежевиќ, Перо Настев, Милан Медиќ, Војислав Зивчевиќ, предводен од клупата од Лазар Лечиќ. Сите тие, со исклучок на Медиќ, пред или по таа сезона го носеа дресот на лутиот ривал Работнички.

Дури и со такви имиња во својот состав, Југопластика со голема мака стигна до победата од 89:83 откако македонскиот тим водеше речиси во цело прво полувреме. МЗТ Скопје таа сезона испадна од Првата лига, а сплитскиот тим ја освои шампионската титула.

За многумина оваа сезона (87/88) беше најсилната во историјата на кошарката во СФРЈ. Тој МЗТ Скопје беше претпоследен пред Будуќност, а двете екипи имаа одлични играчи во своите состави.

По таа сезона почна доминацијата на Југопластика која освои три титули по ред во Купот на европските шампиони

Тоа беше последна сезона на Цибона со Дражен, Партизан кој беше трет на Ф4 (а, разочара и требаше да биде европски првак) и почеток на доминацијата на Југопластика.

Откако МЗТ Скопје испадна, Македонија во следните три години немаше претставник во елитата, се до сезоната 1991/92 кога Работнички се врати во Првата лига, но не учествуваа екипите од Хрватска и Словенија. Тимот од Градски парк, предводен од Петар Наумоски кој беше најдобар стрелец во лигата, го освои третото место и играше во полуфиналето од плеј-офот против Црвена Звезда.