ПОЧЕТНА Во позадина (ВИДЕО) Забава до бесвест: Првите луѓе на Олимпијакос и Фенер се фатија...

(ВИДЕО) Забава до бесвест: Првите луѓе на Олимпијакос и Фенер се фатија за микрофон

сподели

Олимпијакос и Фенербахче играа еден против друг во 21. коло од Евролигата, грчкиот тим го растури европскиот шампион, но тоа не беше причина челниците да не си поминат убаво вечерта по натпреварот.

Сопственикот на Фудбалскиот клуб Олимпијакос, Вангелис Маринакис и првиот човек на групацијата Догуш (спонзор на Фенербахче), Ферит Шахенк се забавуваа во еден ноќен клуб, а веројатно во малку алкохолизирана состојба покажаа и дека знаат да пејат.

Заедно го испеаја хитот на Мајкл Џексон, “We are the world”, а потоа и неколку грчки песни. Со нив беa и сопствениците на Кошаркарскиот клуб Олимпијакос, браќата  Јоргос и Панајотис Ангелопулос, како и тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, но тие не се експонираа многу.