ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Дончиќ со најдобриот потег минатата сезона, откако твитна дека не доаѓа...

(ВИДЕО) Дончиќ со најдобриот потег минатата сезона, откако твитна дека не доаѓа за Словенија

сподели

Најдобриот европски кошаркар во сезоната што остана зад нас и неговиот шут преку целиот терен, ја одбележаа натпреварувачката година во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Да биде возбудата поголема, играчот на Реал Мадрид го стори тоа против најлутиот ривал, екипата на Барселона.

Аплицирајте веднаш за

Неколку дена пред изборот на овие Топ 20 потези во Евролига, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ објави дека нема да игра за неговата репрезентација во септемвриските квалификации.

Дебитантот останува во САД и ќе се подготвува за претстојната сезона во НБА лигата, во дресот на Далас Маверикс.