ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Доктор Харден го преслуша и шампионот!

(ВИДЕО) Доктор Харден го преслуша и шампионот!

сподели

Џејмс Харден уште еднаш беше ѕвезда на вечерта. Не само што одново постигна трипл дабл, туку со тројка во последната секунда од натпреварот, преку двајца противнички играчи, му донесе голема победа на својот Хјустон на гостувањето кај шампионот Голден Стејт со 134:135.

Во основниот дел натпреварот заврши нерешено, 119:119. Домашниот тим на една минута до крајот на регуларниот дел имаа водство од 6 поени и напад, но сето тоа падна во вода, откако Рокитс најпрво преку Капела намалија, а потоа Харден со степ-бек тројка преку Дјурант, го одведе натпреварот во продолжение.

Во продолжението, Кари погоди за водство на шампионот од 134: 132, за веднаш потоа Харден повторно да стапи на сцена и со неверојатно тешка тројка преку двајца противнички играчи, им ја донесе победата на Рокитс.

Доктор Харден натпреварот го заврши со ново трипл дабл достигнување од 44 поени, 15 асистенции и 10 скока, предводејќи го својот тим до 6-тата победа во низа. Со овој триумф Хјустон се искачи на 4-тата позиција на Западот со 22 победи и 15 порази сезонава.

Кај Вориорс најрасположен за игра беше Кари со 35 поени, а солиден настап имаа и Дјурант и Томпсон кои постигнаа по 26 поени. Но, ниту трите ѕвезди на шампионот не беа моќни да го задржат налетот на магичниот Харден и неговите соиграчи.

Каваи Ленард се врати во Сан Антонио, овојпат во противнички дрес со својот сегашен тим Торонто. Спарс славеа убедливо над Репторс со 125:107, а Ленард од домашната публика беше дочекан со навреди и свирежи.

Дерозан ги предводеше Спарс до победата со трипл дабл учинок од 21 поен, 14 скока и 11 асистенции, а забележителен настап имаше и Олдриџ со 23 поени. Кај поразените се истакна Ленард со 21 поен.