ПОЧЕТНА Избор на уредникот (ВИДЕО) Добредојде назад меѓу „живите“, капитену!

(ВИДЕО) Добредојде назад меѓу „живите“, капитену!

сподели

Марко Симоновски одигра маестрална партија, против Гостивар во рамките на 6-то коло во домашното првенство и потсети на најдобрите денови.

МЗТ Скопје конечно ја оствари првата победа на домашен терен во нашата прва лига, по двата пораза во Аеродром, од Карпош Соколи и од Блокотехна.

Аплицирајте веднаш за

Симоновски постигна 22 поена и беше најзаслужен за триумфот на шампионот, против повратникот во првата лига.

Имаше шут 3/3 за два поена и 5/10 за три поени. Имаше и 7 скока, една украдена и ниту една загубена топка, за 32 минути игра.

Против Блокотехна, во неговото прволигашко враќање, Симоновски постигна 19 поени, со 5 тројки во 12 обиди, за 34 минути игра.

Против Куманово постигна само 2 поена, со удар 1/4 за два поена и 0/3 за три поени, за 23 минути на паркетот.

Во АБА лигата, Марко Симоновски сезонава се уште нема постигнато поени. Натпреварите таму, се далеку потешки од оние во нашето првенство.

Одигра на два натпревара, по 18-тина минути во просек, со еден непрецизен удар за два поена и со 7 непрецизни удари за три поени на двата меча заедно.

Марко Симоновски долго време беше отсутен, се мачи со стара повреда која што не му дава мир, но првиот меѓу еднаквите во МЗТ Скопје (до враќањето на Стојановски) покажува дека е посилен од се.

Неговиот шутерски камбек го радува најмногу Александар Тодоров, кој што очајно трага по уште еден стабилен кошаркар во ротацијата.

Симоновски не е на поширокиот список на селекторот Јорданчо Давитков, но во зависност од игрите на Марко и таа ситуација може многу лесно да се смени.

Ќе се потсетиме на неговата тројка против Белгија, во квалификациите за ЕП 2015, кош што тогаш ширум ни ја отвори вратата кон Загреб.