ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) „Детската градинка“ на Лејкерс ја запре Оклахома

(ВИДЕО) „Детската градинка“ на Лејкерс ја запре Оклахома

сподели

Без Леброн Џејмс, тимот од Лос Анџелес испадна од плеј-оф зоната, но не планира да се предаде во борбата за местата кои водат во разигрувањата.

Првата ѕвезда на екипата треба да се врати наскоро, а помладите кошаркари се обидоа да ја кренат атмосферата пред да се случи тоа. На гостувањето кај Оклахома ја остварија втората победа по ред, славејќи со 128:138 по продолжение.

Блескаа Кузма, Зубац и Бол кои заедно постигнаа 76 поени. Првиот има 23, а другите двајца по 21 година, возраст со која обично не се ни влегува во НБА лигата. Кузма беше најефикасен со 32 поени плус осум скока и четири асистенции, Зубац оствари дабл-дабл со 26 поени и 12 скока, а Бол заврши со 18 поени, 10 асистенции и шест скока.

Аплицирајте веднаш за

Оклахома, исто така, имаше голем број расположени кошаркари. На Вестбрук му фалеше скок за трипл-дабл (26 поени, 13 асистенции, 9 скока), Џорџ постигна 27 поени, осум асистенции и седум скока, а Адамс 17 поени и 15 скока.

извор: ESPN

За Тандер ова беше четврти пораз во последните пет натпревари, а втор по продолженија. И покрај тоа, тимот е безбеден на третата позиција во Западната конференција.

Во Лондон продолжи традицијата на одигрување НБА натпревари. Сега се сретнаа Вашингтон и Њујорк, а славеше тимот од престолнината со 101:100.

Кошот за победа, кој впрочем и не беше кош, го постигна Томас Брајант во последната секунда. Алонзо Трир го блокираше неговиот шут, но судиите откако ја прегледаа снимката заклучија дека топката имала слегувачка патека и одлучија да ги признаат поените.

Бредли Бил со 26 поени, девет скока и четири асистенции го предводеше Торонто, а кај Никс најефикасен бепе Мудиеј со 25 поени.