ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Денови на Кемба Вокер

(ВИДЕО) Денови на Кемба Вокер

сподели

Кемба Вокер игра во животна форма сезонава за што доволно говори податокот дека има просечни 29 поени, што е за 10 повеќе од неговиот досегашен поентерски просек во кариерата (19 поени). Неговата моќ ја почувствува и еден од најквалитетните колективи на Истокот, Бостон Селтикс.

Шарлот предводен од извонредниот Кемба кој постигна 43 поени со одличен шут 14/25, извојува победа над Бостон со 117-112. Ова доаѓа два дена по дуелот со Филаделфија на кој Кемба постигна 60 поени.

Аплицирајте веднаш за

Кај Селтикс расположен за игра беше Кајри Ирвинг со 27 поени и 11 асистенции, но сепак недоволно за победа.

Чудото на сезоната, тимот на Мемфис Гризлис продолжува со фантастични настапи. Играјќи како во транс, Гасол, Конли и соиграчите газат се пред себе, а нова жртва беше тимот на Далас.

Предводени од расположениот за игра, Мајк Конли кој постигна 28 поени од кои 7 тројки, потпомогнат од Марк Гасол кој забележа 17 поени и 15 скокови, Гризлис го победија Далас со резултат 98-88.

Кај поразениот тим цела прва петорка забележа двоцифрен учинок, но и тоа не беше доволно да се запрат залетаните Гризлис, кои со оваа победа се израмнија по бројот на победи со Портланд и Клиперс на делба на првото место на Западната Конференција.

Џоел Ембид е решен сезонава со 76ерс да игра во финалето. Тој повторно беше предводник на својот тим во победата над Феникс Санс. Иако, на хартија ова требаше да биде лесна и убедлива победа за домашните 76ерс, сепак Санс се покажаа како тврд орев, борејќи се до самиот крај за победата.

Ембид постигна 33 поени надополнети со 17 скокови, но за одбележување е новата слаба партија на големото засилување Џими Батлер кој даде скромни за него 16 поени. Кај гостите блескаше Девин Букер, но ниту неговите 37 поени не беа доволни да се избегне поразот.

Кога Ентони Дејвис е расположен за игра неговиот тим игра како по ноти. Колку е значајно неговото влијание во тимот доволно говори податокот дека кога беше повреден, тимот редеше порази, дури шест во низа. По неговото враќање наа паркетот, Њу Орлеанс е една сосема друга екипа, забележувајќи шест победи на последните седум натпревари.

Со 29 поени, Дејвис го предводеше својот тим до победа против Сан Антонио во многу ефикасен натпревар за конечни 140-126.

По паузата поради повреда, во Оклахома се врати Расел Вестбрук, но не успеа да му помогне на својот тим да дојде до триумф во дуелот со Сакраменто. Постигна 29 поени, но Тандер загуби со 117:113.

ЛА Клиперс оваа сезона игра одлично и со новата гостинска победа над Атланта со 119-127 се искачи на делба на првото место на Западот.

Харел беше најрасположен играч кај Клиперс со 25 поени, а одличен настап имаше и Херис со 24 поени и 8 скока. Кај домашните, се истакна Јанг со 25 поени и 17 асистенции.