ПОЧЕТНА Евролига (ВИДЕО) Датоме како Џордан, слатка одмазда на Фенербахче

(ВИДЕО) Датоме како Џордан, слатка одмазда на Фенербахче

сподели
фото: Euroleague

Турскиот шампион се зацврсти на првото место на табелата во Евролигата по победата над европскиот кошаркарски владетел Реал со 65:63.

Тоа беше прв меѓусебен дуел на овие две екипи по финалето од минатата сезона во Белград во кое славеше „кралскиот клуб“ и ја освои десеттата титула во елитното натпреварување.

Реал ги имаше сите услови да слави на пеколното гостување, во последните три минути влезе со предност од шест разлика (57:63), но до крајот не постигна ниеден поен, а прими осум. Кулминација на возбудувањата беа последните 14 секунди во кои Фенербахче имаше напад, а гостите водеа со 62:63.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1078737462825009152

Топката отиде кај Датоме, кој во стилот на Мајкл Џордан од финалето на НБА лигата против Лејкерс во 1991 година, постигна кош и избори слободно фрлања. Интересно е тоа што Реал имаше уште две лични грешки до излегувањето од бонусот и можеше да ја прекина акцијата на противникот, но не го направи тоа и беше казнет.

Италијанскиот репрезентативец беше најефикасен на натпреварот со 17 поени, Весели додаде 13, а Гудуриќ 11. Во тимот на Реал најефикасен беше Руди Фернандез со 12 поени.