ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Далас загуби, проблеми за Дончиќ, а сонцата се креваат

(ВИДЕО) Далас загуби, проблеми за Дончиќ, а сонцата се креваат

сподели

Екипата на Маверикс беше поразена со 127:88 на гостувањето во Њујорк, против екипата на Бруклин. Ова беше седми пораз на последните 8 меча за франшизата од Далас.

Лука Дончиќ постигна 16 поени, но опаѓа неговата форма и комплетно формата на тимот, кој што изгледа прегоре во оваа фаза од годината по одличниот старт на сезоната.

Маверикс ги загубија сите четвртини на овој натпревар, што е знак за аларм, на што предупреди и тренерот Рик Карлајл по завршувањето на дуелот со Нетс.

На другите НБА натпревари, Клиперс ги совладаа Лејкерс (105:113) и го најавија дебаклот на пославниот противник од ЛА, кој што може да остане без плеј-оф и покрај потписот со Леброн Џејмс.

Резултати на 5-ти март (ESPN)

Феникс (13/51) победи против Милвоки (48/16), тимот со најлош скор го совлада составот со најдобар учинок сезонава, со изненадувачки 114:105. Ќе потсетиме дека Санс ги надиграа и Лејкерс, односно имаат три победи на последните четири дуели, што кажува дека овој резултат не е случаен.

Феникс нема што да загуби и во последната фаза од сезоната игра под полн гас, додека екипата на Далас се надеваше на далеку подобри резултати и речиси сигурно нема да игра во плеј-офот.