ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Го нема Дурант? Нема проблем!

(ВИДЕО) Го нема Дурант? Нема проблем!

сподели
фото: NBA

Голден Стејт Вориорс води со 1:0 во финалната серија на Западната конференција против Портланд Трејл Блејзерс.

фото: NBA

На нрвиот меч на домашен терен триумфираше со 116:94 иако во своите редови го немаше Кевин Дурант кој се повреди на петтиот меч од полуфиналето со Хјустон. Во негово отсуство блесна Стеф Кари кој постигна 36 поени со девет тројки.

Портланд беше во игра три четвртини, но во последната Вориорс постигнаа 39 поени и го откажаа противникот.

На високо ниво одигра и Клеј Томпсон кој заврши со 26 поени, но голема помош стигна од епизодистите како Јеребко (9 поени), Кук (8), Луни (6) итн. Во гостинската екипа, Лилард заврши со 19 поени, но девет од нив реализира од линијата за слободни фрлања.

За поразот на Блејзерс можеби е „виновен“ заморот бидејќи само два дена претходно екипата играше „мајсторка“ против Денвер. Вториот меч од оваа серија повторно се игра во Окленд и Портланд мора да даде поголем отпор бидејќи во спротивно ќе се најде во многу комплицирана ситуација. И на тој меч се очекува да отсуствува Дурант.