ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Годините ништо не му можат на Вејд, и на 36 му...

(ВИДЕО) Годините ништо не му можат на Вејд, и на 36 му носи победи на Мајами

сподели

Длабоко навлезен во четвртата деценија од животот и по лошата епизода во Кливленд Кавалирс, многумина побрзаа да го отпишат Двејн Вејд.

Ветеранот и некогашен најдобар играч во НБА побрза да ги демантира. Против Филаделфија покажа дека уште има нешто во неговите раце и нозе.

Натпреварот го заврши со 27 поени, но постигна 15 од последните 17 за неговиот тим во победата од 102:101 на Мајами. Меѓу нив и оние за победа во последните секунди.

Со фаулот над Бен Симонс покажа дека не сака продолжение, туку победа во основниот дел од натпреварот. Кошаркарот на Филаделфија го погоди само второто слободно фрлање, а Вејд ја презеде одговорноста во последниот напад. Вртеше, вртеше и на крајот погоди еуфорично покажувајќи кон навивачите дека „тоа е негов дом“.

Оваа победа против Филаделфија може многу лесно да се покаже клучна во борбата за место во плеј-офот иако до крајот на основниот дел од сезоната имаше уште месец ипол.

Мајами сега има три победи повеќе од деветтопласираниот тим во Источната конференција, Детроит Пистонс, а и се приближи на седмопласираната Филаделфија 76 на една победа заостанување.

Резултати:

Шарлот – Чикаго 118:103
Милвоки – Вашингтон 104:107
Портланд – Сакраменто 116:99
Денвер – Клиперс 120:122