ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Вучевиќ го тргна Торонто од врвот

(ВИДЕО) Вучевиќ го тргна Торонто од врвот

сподели

Досега најдобриот тим во лигата, Торонто Репторс претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Орландо со 116:87 и со тоа го загуби лидерското место на Истокот.

Фантастичен натпревар за Меџик одигра црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ, кој го предводеше својот тим до победата со 30 постигнати поени со висок процент на шут од игра (12/17), надополнети со 20 скока и 8 асистенции, притоа забележувајќи и 2 украдени топки и една блокада.

Аплицирајте веднаш за

Црногорецот стана само 9-ти играч сметајќи од 1975-та година кој на еден натпревар остварил учинок 30/20/8 во соодветните категории. Пред него, ова им успеало на Казнс, Ли, Данкан, Новицки, Баркли, Инглиш, Абдул-Џабар и МекГинис. Кај Репторс најефикасен беше Ленард со 21 поен.

извор: ESPN

Во големото градско дерби во градот на ангелите, Клиперс го искористија отсуството на најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс и остварија победа над Лејкерс со 107:118. Лу Вилијамс беше предводник на Клиперс со 36 постигнати поени, а солиден настап имаше и Галинари со 19 поени и 10 скока. Кај Лејкерс најефикасен беше Кузма со 24 поени.