ПОЧЕТНА Во позадина (ВИДЕО) Војна во Пиреја: Молотови коктели, повредени полицајци, судиски проблеми…

(ВИДЕО) Војна во Пиреја: Молотови коктели, повредени полицајци, судиски проблеми…

сподели

Тотален хаос владееше пред арената „Мир и пријателство“ во пресрет на четвртиот натпревар од финалето во грчкото првенство.

Во главна улога беа навивачите на двете екипи кои се судрија на 45 минути пред почетокот на дуелот. Кулминацијата се случи кога почнаа да летаат Молотови коктели.

Аплицирајте веднаш за

Еден од нив заврши во репортажно возило на грчката телевизија кое се запали, а при инцидентите беа повредени и тројца полицајци. Молотови коктели завршија и пред благајната во арената, но полицијата некако успеа да ја смири ситуацијата.

Немирите продолжија и на теренот иако Олимпијакос оствари убедлива победа. Во третата четвртина Панатинаикос се доближи на само два поена негатива, но гостинските кошаркари и стручниот штаб имаа многу забелешки на судењето.

Од клубот подоцна излегоа со реакција дека лигата треба да поведе постапка против судиската тројка, но и да ги реши настаните што се случија пред почетокот на натпреварот.