ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Вориорс ја разнесоа Оклахома, Вестбрук остана на 7 поени

(ВИДЕО) Вориорс ја разнесоа Оклахома, Вестбрук остана на 7 поени

сподели

Актуелниот шампион требаше да има тешко гостување, но помина како против најлесниот тим во НБА.

Ја победи Оклахома со 88:110, а до триумфот стигна на мошне едноставен начин: го пушти Пол Џорџ, а тотално го затвори Расел Вестбрук. Поточно, тоа го направи Клеј Томпсон кој ја оствари ѕвездата на Тандер на само 7 поени иако имаше уште 9 асистенции и 8 скока.

За Стеф Кари немаше пречки, постигна 33 поени и го надополни отсуството на Кевин Дурант кој не игра поради повреда.

Возбудливо беше на дуелот меѓу Денвер и Индијана каде Нагетс славеа со 102:100. Епилогот можеше да биде поинаков ако Бојан Богдановиќ погодеше тројка на две секунди пред крајот од чиста позиција.

Никола Јокиќ со 26 поени и 7 скока го предводеше тимот на Денвер кој уште не се откажал од првата позиција во Западната конференција.