ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Вечер полна со изненадувања

(ВИДЕО) Вечер полна со изненадувања

сподели

Во богатата НБА понуда која беше на програмата синоќа се одиграа дури 14 натпревари на кои имаше многу изненадувачки резултати.

Филаделфија, која сезонава е претендент за највисок пласман, загуби на домашен терен од Кливленд со 112-121. По израмнетото прво полувреме, во второто 76ерс не момеа да најдат одговор за шутерски расположените Кавалирс.

Аплицирајте веднаш за

Родни Худ и Секстон ги предводеа гостите до изненадувачката победа со 25, односно 23 поени. Кај поразените стандардно најдобар беше Ембид со 24 поени и 12 скокови.

Во многу интересен натпревар, неизвесен до самиот крај Милвоки загуби дома од Феникс со 114-116, во вториот изненадуачки резултат. И покрај одличниот настап на Јанис Антедокумбо кој постигна 35 поени и 10 скока, сепак не беше доволно да се избегне поразот. Кај Санс најрасположен беше Букер со 29 поени.

За одбележување е и убедливата победа на шампионот Голден Стејт над сезонава одличниот тим на Портланд со 125-97. Ова е прва победа за Вориорс по четирите порази во низа.

Најдобри поединци беа нивните први ѕвезди во моментов, Дурант со 32 поени и Томпсон со 31 поени зад своето конто. Кај Блејзерс Лилард и Нуркиќ беа расположени постигнувајќи 23, односно 22 поени.

Во преостанатите натпревари Хјустон загуби на тешкото гостување кај Детроит со 116-111, Бостон по трите порази по ред им се врати на победите, забележувајќи убедлива победа на гостувањето кај Атланта со 96-114. Њујорк го победи Њу Орлеанс со 114-109 во уште еден изненадувачки резултат, Денвер беше подобар од Орландо со 112-87, Индијана загуби дома од Сан Антонио со 100-111, додека Мајами забележа гостинска победа над Чикаго со 96-103.

Торонто беше убедлив на домашен терен против Вашингтон остварувајќи триумф од 125-107, зацврстувајќи се на првото место на Истокот со скор од 16 победи и само 4 порази.

Оклахома со победата над Шарлот од 109-104, се искачи на делба на првото место на Западот со идентичен скор од 12 победи и 6 порази како и екипите на Мемфис и ЛА Клиперс.

Претходно се одигра и дербито на Западот, во кое се сретнаа ЛА Клиперс и Мемфис Гризлис. Домаќините беа поуспешни со 112-107, дури по дополнителните пет минути. Најефикасен домашен играч беше Харел со 22 поени, надополнет од Галинари со 20 поени. Кај Гризлис, Марк Гасол постигна 27 поени и 13 скокови.