ПОЧЕТНА Во позадина ВИДЕОТО ШТО ГО ЧЕКАВМЕ: Како Романците го прославија „поразот“ од Македонија

ВИДЕОТО ШТО ГО ЧЕКАВМЕ: Како Романците го прославија „поразот“ од Македонија

сподели
fiba.basketball

Видеото е снимено (вечерта по мечот) во хотелот каде што престојуваа двете репрезентации, за време на одигрувањето на последниот квалификациски натпревар во рамките на претквалификациите за следното ЕП.

Романија ја победи Македонија, во вториот натпревар, но имаше послаб вкупен меѓусебен скор и затоа ќе игра уште еден претквалификациски филтер, а нашата селекција оди во квалификациите за Евробаскет.

Не се споредуваме со никого, не велиме дека треба да се однесуваме како другите. Но, нашите репрезентативци со наведнати глави се упатија кон соблекувалната, знаејќи што ги чека дома, наместо да вриштат од радост што отидоа чекор понапред.

И покрај пласманот во квалификациската фаза, односно и покрај тоа што македонската репрезентација се пласира чекор понатаму, односно ја постигна зацртаната цел, нашите момчиња се на константен удар на јавноста.

Не се достојни за боите на дресот? Не се бореа храбро? Не го остварија планираното? Играат под можностите? Големи ни се апетитите? Не знаеме колку ни е „тешка“ кошарката? Гледаме површно? Сакаме повеќе отколку што можеме, а не придонесуваме со ништо?

Има вистина во дел од прашањата, прашање е во кои. Нашите репрезентативци се вратија дома и едвај чекаа да си заминат од аеродромот. Никаде не ги пречека никој, како на пример во 2011-та. А, тоа се истите деца…