ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вечните се борат на сите фронтови: Дали МЗТ Скопје ги плати долговите?

Вечните се борат на сите фронтови: Дали МЗТ Скопје ги плати долговите?

сподели

Актуелниот шампион на Македонија и најтрофејна екипа во нашата кошарка, јавно ги праша одговорните во КФСМ, дали противникот и градски ривал, ги има подмимрено сите обрвски кон матичната организација, пред стартот на финалната серија.

Натпреварите од новото вечно дерби за титула, почнуваат в сабота (07.06.2019), од 17:30 часот во СЦ Јане Сандански.

Еве го соопштението на центарци:

„Работнички денеска повторно испрати барање до КФСМ и до комесарот за натпреварување дали се исполнети условите за одржување на финалето. Ние како клуб прифативме да ни биде суспендирана салата, прифативме да не се регистрираат странци поради доцнење само на еден документ и ги плати сите обврски према МКФ.

Ве молиме како КФСМ да ни одговорите дали и нашиот противник ги има средено односно подмирено сите свои обврски, пред сѐ давачки кон МКФ за да знаеме дека сите сме во рамноправна позиција. Доколку нашиот противник не си ги подмирил или не ги испочитувал одредени обврски ве молиме да постапите согласно правилниците и правните акти.

Ве замолуваме како федерација да се реши ова и да ни одговорите и притоа да Ве потсетиме во Вашето претставување на кандитатурата за ново раководство во оваа федерација ветивте фер и рамноправен третман кон сите клубови.“ – се вели во обраќањето на луѓето од Работнички.