ПОЧЕТНА Куп на РМ „Вечните“ еднаш играа во Гостивар, победи Работнички со 32 разлика

„Вечните“ еднаш играа во Гостивар, победи Работнички со 32 разлика

сподели

Натпреварот од четвртото коло на Суперлигата нема да биде прв што Работнички и МЗТ Скопје ќе го одиграат во Гостивар, односно во салата „Младост“.

Градските ривали веќе еднаш играа таму, во сега веќе далечната 1994 година. На тој дуел веројатно се сеќаваат повозрасните љубители на кошарката, а особено навивачите на двата клуба иако немаше драматика.

Натпреварот беше финале од второто издание на Купот на Македонија и убедливо, со 81:49 го доби Работнички. Но, МЗТ Скопје во тој период не беше ни втора „сила“ во македонската кошарка, туку заедно со тимот од Градски парк, главен беше Кочани Деликатес.

Аплицирајте веднаш за

Овие две екипи се сретнаа во полуфиналето и на сите им беше јасно дека победникот од тој дуел ќе биде фаворит во мечот за титулата. Кочани Деликатес водеше во текот на целиот натпревар, се наоѓаше пред победа, но Перо Блажевски во финишот „украде“ една топка и му донесе триумф на својот тим.