ПОЧЕТНА НБА Вестбрук експлодира, по казната за конфронтацијата со гледачите

Вестбрук експлодира, по казната за конфронтацијата со гледачите

сподели

Првата ѕвезда на Тандер реализира трипл-дабл во победата против Бруклин, со 108:96 за зацврстување на високите позиции на Западот, пред плеј-офот.

Во 26-тиот трипл-дабл сезонава, Расел Вестбрук имаше 31 поен, со 12 скока и со 11 асистенции. Пол Џорџ имаше 25 поени, со 9 скока, а екипата на Оклахома Сити имаше 49% реализација од поле во второто полувреме.

По завршувањето на мечот, откако беше прашан за драмата со гледачот (во Солт Лејк Сити) кој што беше суспендирани до крајот на животот поради навредите упатени кон играчот, Вестбрук рече дека не сака да се потсеќа на таквите настани.

Тој беше казнет со 25.000 американски долари, затоа што вербално врати на провокациите на еден посетител и неговата соопруга, кои што го навредувале на расна основа на мечот кај Јута Џез.