ПОЧЕТНА Евролига Василије Мициќ е главен приоритет на Реал

Василије Мициќ е главен приоритет на Реал

сподели
euroleague.net

Анадолу Ефес оваа сезона е сосема поинаков тим во однос на минатата и тоа се гледа по четвртото место на табелата во Евролигата, за разлика од лани кога беше прикован при дното.

Голема улога во промената на расположението и резултатите одигра српскиот плејмејкер Василије Мициќ кој минатото лето се пресели во Истанбул. Неговите игри предизвикаа внимание кај челниците на Реал кои, како што тврди весникот АС, го посочија 25-годишниот кошаркар како прв „пик“ за следната сезона.

Мициќ со Ефес потпиша договор на една сезона со можност тој да биде продолжен на уште една ако двете страни се задоволни од соработката. Тоа значи дека може плејмејкерот да замине ако добие примамлива понуда.

Единствен проблем за него е тоа што во Реал би бил трет избор на плејмејкерската позиција бидејќи пред него се Серхио Љуљ и Факундо Кампацо.

Во Анадолу Ефес е главен за што докажува и минутажата, на терен поминува по 27:33 минути на натпревар во Евролигата и просечно постигнува по 11,8 поени, 2,1 скока и 5,2 асистенции. Во ноември беше МВП на месецот во елитното натпреварување.

Пред да дојде во Анадолус Ефес, Мициќ играше во Мега Визура, Баерн, Црвена Звезда, Тофаш и Жалгирис, а последните години е стандарден член на српската репрезентација.