ПОЧЕТНА Други репрезентации ВАСИЛЕВ: Одиме во Бугарија да дадеме се од себе за Македонија!

ВАСИЛЕВ: Одиме во Бугарија да дадеме се од себе за Македонија!

сподели
Никола Василев, претпоследен од лево кон десно (фото - mkf.mk).

Селекцијата до 20 години ги заврши подготовките со две победи против Романија, во последната контрола пред европското првенство во Б дивизијата.

Селекторот Никола Василев (34) е задоволен од сработеното, иако вели дека нашата репрезентација има многу повеќе потенцијал, од она што го покажува во моментот.

„Момчињата кои што се на списокот за претстојниот континентален собир, се добри карактери и одлични работници.

mkf.mk

Во подготвителниот период игравме за уигрување, а не на резултат. Очекувам да го извлечеме најдоброто од нас, кога ќе ни биде најпотребно.“ – вели Василев, за basketball.mk.

Ростерот е комплетиран, дали нашата репрезентација патува комплетна во Софија?

„Не патуваме комплетни, затоа што во последната фаза од подготовките ни откажа играчот околу кого требаше да се градат 70% од играта.

mkf.mk

Последните денови моравме да ја менуваме стратегијата од корен, а за овој случај нека решава канцеларијата на МКФ, затоа што се работи за лична одлука на играчот.“ – изјави Василев.

Аплицирајте веднаш за

Дали Македонија игра онака како што замислуваше нашиот стратег, кој што долги години е вон нашите граници и скоро од почетокот на неговата тренерска кариера работи според европски стандарди, во Литванија?

„Не можам да кажам дека играме според она што го замислував, но можам да кажам дека оние играчи што ги избрав, ќе „изгинат“ на терен и ќе дадат и повеќе од максимумот што го имаат, за дресот на својата земја.

mkf.mk

Квалитетот е таков каков што е, играчите се тие кои што се, кого нема – без него се мора, а одиме во Бугарија да се надигруваме со сите.“ – заклучи селекторот Никола Василев.

Претстојното У20 европско првенство во Б дивизијата, почнува на 13-ти јули. Во групата А сме со Летонија, Белгија, Белорусија и Азербејџан.