ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар се закани, но вицепрвакот сепак се шегувал на стартот

Вардар се закани, но вицепрвакот сепак се шегувал на стартот

сподели
mztskopjeaerodrom.mk

Црвено-црните водеа на крајот на првата четвртина на мечот од третото коло во домашниот шампионат, но потоа металците го презентираа својот квалитет.

Со фуриозни две четвртини, втората и третата, победата беше забетонирана (72:102), а бодовите од ова скопско гостување беа очекувано прокнижени.

mkf.mk

Андреј Маслинко продолжува со одличните настапи, постигна 20 поени со 10 скока. Капитенот Дамјан Стојановски имаше 17 поени, Андрија Бојиќ реализира 15.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Кај домашните, Џуниус Провел постигна 25 поени. Павле Михајлоски имаше 11 поени, по 10 постигнаа капитенот Игор Ивановиќ и Дино Радош.

mkf.mk

По три кола во новото првенство, МЗТ Скопје е на третата позиција со две победи и еден пораз, односно 5 бода. Вардар има два пораза, во двете одиграни средби.