ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Вардар гази и во кошарка!

Вардар гази и во кошарка!

сподели
КФСМ

Во еуфоријата што ја направи Ракометниот клуб Вардар со триумфот во Лигата на шампионите совршени се вклопи и кошаркарскиот колектив со исто име.

Поточно кадетската екипа составена од играчи до 16 години која стана државен шампион во оваа категорија.

Во финалниот меч „црвено-црните“ беа подобри од Феникс со 71:65 и ја продолжија жетвата трофеи последните години. Најдобар поединец во победничката беше Атанасов кој ги одигра сите 40 минути и постигна 22 поена и 12 скока.

Во екипата на Феникс, Митревски реализира 33 поени со 7 скока, а Хот додаде 18 поени со 16 скока за индекс 25. Куриозитет е тоа што за оваа екипа само тројца кошаркари постигнуваа поени, а тоа никогаш не е доволно за победа.