ПОЧЕТНА НБА Ваква дисциплина не е видена во НБА!

Ваква дисциплина не е видена во НБА!

сподели

Играчите и судиите во завршницата од плеј-офот на НБА лигата изгледа добро се оладиле и се однесуваат фантастично во најжешките моменти од сезоната.

Одамна не е видено на 11 натпревари во низа во разигрувањето за титулата да не е доделена ниедна техничка грешка. Таков е случајот во овој момент, последната ваква судиска одлука е забележана на 10-ти мај.

Веројатно малкумина очекувале да има ваков развој на настаните ако се знае дека само во првата рунда од плеј-офот беа досудени 12 технички грешки, најчесто за реакции на играчите на судиски одлуки.

Чудна е ваквата ситуација и поради тоа што Торонто и Милвоки играат исклучително драматична серија во финалето на Истокот, а уште во конкуренција е и Голден Стејт Вориорс чиј играч Дрејмонд Грин е познат по кавгите со арбитрите.