ПОЧЕТНА Интернационалци Бујукчекмеџе совладан од Ушак, „седумка“ на Стојановски

Бујукчекмеџе совладан од Ушак, „седумка“ на Стојановски

сподели

Втор пораз во низа и деветти во сезоната за тимот на Бујукчекмеџе во домашното првенство. Подобар беше Ушак кој како гостин славеше со 84:78.

Клучна беше третата четвртина која тимот на Ушак ја доби со 34:18 и во последните десет минути влезе со огромна предност од 12 разлика (68:56). Бујукчекмеџе успеа малку да намали во четвртиот период, но далеку од пресврт.

Војдан Стојановски на теренот помина 27 минути и постигна седум поени (1/4 за два, 1/1 за три, 2/2 од линијата за слободни фрлања).