ПОЧЕТНА АБА Будуќност чекаше да изгуби од Звезда, па да назначи нов тренер

Будуќност чекаше да изгуби од Звезда, па да назначи нов тренер

сподели

Еден час по поразот во големото дерби на АБА лигата, црногорскиот вицешампион го објави името на новиот предводник на тимот.

Не е изненадување бидејќи веднаш по отказот на Александар Ѓикиќ излезе информацијата дека негов наследник ќе биде Јасмин Репеша. Поранешниот хрватски селектор беше без клупски ангажман од крајот на минатата сезона кога ја напушти Олимпија Милано.

Токму италијанскиот првак ќе биде тимот против кој Репеша ќе дебитира бидејќи тој е следниот ривал на бранителот на титулата во АБА лигата. Будуќност се наоѓа во серија од седум порази во сите натпреварувања.

Официјалната промоција на Репеша ќе се одржи на последниот ден од 2018 година, а хрватскиот стручњак веднаш ќе почне со работа бидејќи веќе на 3 јануари неговиот тим игра во Милано.