ПОЧЕТНА Некатегоризирана Будуќност на пат да доживее тотален колапс

Будуќност на пат да доживее тотален колапс

сподели
фото: Savo Prelević/vijesti.me

Можеби играше во Евролигата, првпат по 16 години, но оваа сезона многу лесно може да се претвори во кошмарна за најтрофејниот црногорски клуб.

Смени тројца тренери, ја загуби титулата во АБА лигата и сега трепери дали ќе ја освои онаа во домашното првенство. Имаше водство од 2:0 во финалната серија и натпревар на домашен терен, но Морнар прво намали, а сега и израмни по триумфот од 94:76.

Високата разлика е доказ дека бранителот на титулата во црногорскиот шампионат има што да каже и во „мајсторката“ која ќе се игра во Подгорица и во каква и да е ситуација, Будуќност, сепак, ќе биде фаворит.

Новиот шампион на Црна Гора ќе се знае на 29-ти мај. Од 12 сезони во самостојна држава, Будуќност има 11 титули, а Морнар една.