ПОЧЕТНА Интернационалци Брчков триумфално со Тирана во албанскиот Куп

Брчков триумфално со Тирана во албанскиот Куп

сподели
Владимир Брчов со победничкиот пехар, во Купот на Албанија 2017/18.

Нашиот интернационалец бележи солидни резултати во својата прва интернационална авантура, го освои првиот пехар со својата нова екипа.

Тирана славеше во Купот на Албанија со 76:62, против Теута. Владимир Брчков реализира 12 поени и беше трет стрелец на победникот, зад Ендрит Хисенаголи со 17 поени и Герти Шима со 13 поени.

Ова е прв пехар за Тирана сезонава, екипа што е лидер во националниот шампионат и фаворит за титулата, а воедно се натпреварува и во БИБЛ лигата каде што се наоѓа на 6-та позиција од седум екипи.