ПОЧЕТНА Тренинг Бројките никогаш не лажат – повеќе одмор во текот на сезоната!

Бројките никогаш не лажат – повеќе одмор во текот на сезоната!

сподели

Џејмс Харден имаше 10 поени, со шут 2/11 и загуби 6 топки во срамниот пораз на Хјустон од Сан Антонио (75:114) со што беше ставен неславен крај на статистички историската сезона и за Рокетс (55 победи) и за Брадата (кандидат за МВП на регуларниот дел).

Главното оружје на тренерот Мајк Д’антони имаше 10 поени со шут 3/11 и 6 загубени топки во второто полувреме, со 3 загубени топки и остана без поен во продолжението, во тесниот пораз на Хјустон од Сан Антонио во 5-тиот натпревар од полуфиналето на Западот.

Што ни (до)кажуваат овие статистички показатели?

Јавноста го праша тренерот на Рокетс како Харден може да ја подобри својата игра следната сезона, а искусниот стратег го кажа очигледното, кратко и јасно.

„Џејмс мора да се одмори и да ги сфати неговите можности, да разбере до каде му се границите. Сите големи играчи мислат дека можат да направат се. Но и тие се луѓе. На Харден му е потребен одмор за време на сезоната.

Можеби треба да пропушти по некој натпревар, но од друга страна и неговиот став да игра додека може да се движи, е дел од неговата големина. Мислам дека следната сезона ќе направиме некои измени и ќе му помогнеме, ќе тргнеме дел од товарот од него.“ – се зборовите на Д’антони.

28 годишниот Харден е првиот играч во историјата со најмалку 2.000 поени, 900 асистенции и 600 скока во една сезона. Имаше просек од 29.1 поен по натпревар, со 11.2 асистенции и со 8.2 скока, што е еквивалент на трипл-дабл остварување на секој меч, ако ги занемариме тие 1.8 прифатени топки што му недостасуваа. Не играше само еднаш, поради вирус и имаше трета минутажа сезонава, со 2.947 одиграни минути.

Концептот на штедење на силата им помогна на оние што го прифатија

Кливленд и Сан Антонио ја применуваа стратегијата за одмор на главните ѕвезди на некои од натпреварите, нешто што Џејмс Харден не сакаше да прифати, велејќи дека ќе биде на теренот се додека го држат нозете, се додека не биде исцрпен. Дури и го опомена својот тренер, преку едно интервју, да не помислува да го одмори.

Кога им требаше најмногу на своите соиграчи и на франшизата, да одигра на своето максимално ниво, Харден потфрли. Не затоа што сакаше да го стори тоа или затоа што не му се играше, туку едноставно затоа што тој е само човек. Во 6-тиот меч против Спарс имаше најслаба продуктивност мерена на еден натпревар, сезонава. За волја на вистината, тоа беше неговиот втор најслаб плеј-оф меч во дресот на Рокетс, по оној кога лани беа елиминирани од Вориорс (извор nba.com).

Уште неколку реални докази што сугерираат план и одмор

Во последниот меч сезонава за Хјустон, Харден се влечеше по теренот со просечна кошаркарска брзина на полжав, со 3.36 милји на час (извор nba.com), што е најбавниот ритам од сите кошаркари што играа најмалку по 10 минути на тој натпревар.

Вкупно земено, брзината на Харден опадна од 3.68 во текот на сезоната, на 3.53 милји на час во постсезоната. За споредба, Леброн ја задржа брзината на 3.75 и покрај 6-те последователни финалиња што ги одигра, односно остануваше на терен до крајот на претходните 6 сезони.

Пред да ги освојат титулите со својата екипа и МВП признанијата во финалните серии, Кави Ленард беше 138-ми според одиграните минути 2013/14-та, а Андре Игудала влегуваше главно од клупата во сезоната 2014/15-та.

Пред маестралната и исцрпувачка шампионска одисеја на Леброн во сезоната 2015/16, Кралот имаше вкупно 19 дневен одмор во плеј-офот како резултат на чистките во сериите, што пак беше резултат на неговиот добар план во рамките на регуларниот дел, додека Вориорс играа маратон во конференциското финале со Тандер (максимални 7 меча), а претходно ги бркаа рекордните 73 победи.