ПОЧЕТНА Други репрезентации Бронзениот медал блесна на градите на претседателот

Бронзениот медал блесна на градите на претседателот

сподели

Македонската кошаркарска федерација ги прими членовите на кадетската репрезентација која го освои третото место на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Покрај честитките за големиот успех, младите кошаркари лично од претседателот Петар Наумоски добија совети и насоки за тоа што ги очекува во нивните кариери кои се на самиот почеток.

Аплицирајте веднаш за

За поддршката во текот на подготовките и на Европското првенство, првиот човек на МКФ доби честитка лично од селекторот Александар Јованчев.

„Откако пред повеќе од две години станав селектор на оваа репрезентација, со претседателот станавме и лични пријатели, па во оваа прилика сакам да му се заблагодарам за се што направи за нас како репрезентација.

 

Поради тоа, од мене има еден подарок – бронзениот медал од Европското првенство“, рече Јованчев.

Ова е прв медал за една наша селекција по пауза од 12 години. Последниот го освои младинската репрезентација која на Европското првенство Б-дивизија во 2006 година стигна до финалето.