ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Браќата на Лонѕо Бол гостуваат во Градски парк

Браќата на Лонѕо Бол гостуваат во Градски парк

сподели

Најталентираните кошаркари во САД, предводени од познатото спортско семејство Бол, (најстариот брат Лонѕо е член на Лос Анџелес Лејкерс) ќе бидат гости на македонскиот шампион Работнички.

Натпреварот се игра денеска (14 ноември) од 18 часот. Браќата Ламело и Лианџело Бол со својот талент претендираат да станат најмладите кошаркари во НБА лигата, но покрај нив во екипата има и други исклучително квалитетни млади играчи.

Атрактивните Американци во Скопје доаѓаат, како дел од големата турнеја на JBA USA низ светот при која ќе посетат уште 19 држави.

Аплицирајте веднаш за

Влезот е слободен, а во текот на денот се „шминкаше“ салата Градски парк каде ќе се игра натпреварот. Поставени се и камери бидејќи дуелот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук.