ПОЧЕТНА ЕВРОПА Браќата Бол не го спречија поразот од Жалгирис иако беше поставен рекорд

Браќата Бол не го спречија поразот од Жалгирис иако беше поставен рекорд

сподели
фото: Alius Koroliovas

ЛиАнѓело и ЛаМело не успеаја да и помогнат на својата екипа во високиот пораз од литванскиот гигант, но останува впечатокот дека одиграа добар офанзивен натпревар со 44 искомбинирани поени.

Домаќините постигнаа 19 тројки (од 47 обиди), што е нов рекорд на литванската кошаркарска лига.

ЛиАнѓело (2/3 за 2 поена) имаше 6/12 за три поени за 33 минути игра, а ЛаМело (2/4 за 2 поена) 4/7 за 27 минути игра. Двајцата имаа 3/4 од линијата за слободни, што е импресивен вкупен шутерски учинок.

Сепак, уште еднаш се покажа дека дефанзивата, а не офанзивата, е клучот за победа на еден кошаркарски натпревар. Витаутас прими 118 поени на домашен терен, а постигна 96, во кои што ќе останат запаметени 4-те редоследни тројки на ЛаМело: