ПОЧЕТНА Куп на РМ Бранителот на титулата очекувано елиминиран, Работнички се загреа

Бранителот на титулата очекувано елиминиран, Работнички се загреа

сподели
фото: Ристе Стамаџиев/Мартин Димов

Трофејот од Купот на Македонија ќе добие нов сопственик што и не е големо изненадување или нешто што некој не очекуваше. Карпош Соколи доживеа голема трансформација во однос на минатата сезона и одамна не е во елитата.

Затоа Работнички ја имаше фаворитската улога и ја оправда триумфирајќи со 103:49 во првиот четвртфинален натпревар од Купот.

Натпреварот беше само загревање за она што следува утре кога лидерот на првенствената табела се очекува да има потешка задача.

Работнички уште во првата четвртина поведе со 26:7, пред крајот на втората со 48:18 и остана само прашањето околу конечниот резултат. Конечните +54 се меѓу највисоките разлики во завршница од Купот на Македонија.

Гинјард со 21 поен беше најефикасен, но блесна Ефремовски кој погоди пет тројки од осум обиди.

Капитенот Атанасов го предводеше Карпош Соколи со 15 поени.

Во полуфиналето Работнички ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Гостивар и Куманово.