ПОЧЕТНА АБА Бојиќ прв стрелец, Магдевски и Маслинко најдобри „крадци“ во колото

Бојиќ прв стрелец, Магдевски и Маслинко најдобри „крадци“ во колото

сподели
фото: МЗТ Скопје

Убедливата победа против Зрињски не само што ја крена атмосферата во таборот на МЗТ Скопје пред продолжението од домашното првенство, туку на површина ги извади и индивидуалните квалитети на кошаркарите од Аеродром.

МВП на 16-тото коло во АБА 2 е поранешниот член на вицешампионот, сега член на Сутјеска, Никола Павличевиќ, но значајни остварувања имаат и сегашните играчи на нашиот тим.

Пред се најдобриот во тимот од Аеродром оваа сезона Андрија Бојиќ кој е трет според индекс (30) во овој круг од регионалното натпреварување, а покрај тоа е и најефикасен (заедно со Павличевиќ) со 26 поени.

фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски
Аплицирајте веднаш за

Тренерот Ѓорѓи Кочов има многу причини за задоволство и затоа што во се подобра форма игра летното засилување на екипата Андреј Магдевски. Тој има најмногу украдени топки во ова коло – 4, а веднаш зад него е Андреј Маслинко, уште еден играч од кого се очекува да преземе голема одговорност сезонава.

Останува уште да се вратат повредените Медфорд и Младеновски, но и без нив МЗТ Скопје ќе треба да најде одговор за Блокотехна која ја пречекува на 20 јануари во обид да и се одмазди за поразот во првото коло.