ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОЈИЌ: Кошарката е прекрасна игра во која има убави и грди моменти

БОЈИЌ: Кошарката е прекрасна игра во која има убави и грди моменти

сподели

Работнички со победа ја почна серијата натпревари против МЗТ Скопје која, според проценките на познавачите, оваа сезона ќе биде мошне долга, можеби и со двоцифрен број дуели.

Можеби овој меч немаше големо резултатско значење бидејќи борбата тукушто почнува, но е многу важна за самодовербата пред продолжението од сезоната.

Во Градски парк се радуваат, но во Аеродром не се претерано тажни. Меѓу другото и поради тоа што имаат згуснат распоред и веќе за два дена им претстои натпревар во АБА 2.

„Мислам дека причината за победата на Работнички треба да се бара во нивниот неверојатен шут. Погодија се што шутнаа.

Но, тие имаа две недели за да се подготват за нас бидејќи беа слободни во претходното коло. Нам темпото ни е забрзано, три дена пред дуелот со Работнички се вративме од Вршац, в четврток ни доаѓа Динамик и немаме време да размислуваме за тоа што се случило“, анализира најдобриот играч на МЗТ Скопје на градското дерби Андрија Бојиќ кој беше во топ-3 кошаркари во АБА 2 во претходното коло.

Аплицирајте веднаш за

На стартот од сезоната МЗТ Скопје има поголеми проблеми во домашното првенство, отколку во регионалното натпреварување. Веќе има два пораза во првите шест кола, се намачи со Гостивар, а малку недостасуваше да загуби на гостувањето кај АВ Охрид.

фото: МЗТ Скопје

„За жал, и против Блокотехна и против Работнички загубивме на една топка. Можеше да биде и во наша корист, но не се случи тоа.

Затоа е убав спортот. Кошарката е една прекрасна игра во која има убави и грди моменти. Треба да се ужива во секој од нив бидејќи се составен дел од неа“, додаде српскиот интернационалец.