ПОЧЕТНА НБА Бостон се враќа, Хјустон тоне

Бостон се враќа, Хјустон тоне

сподели

Кајри Ирвинг постигна 31 поен во триумфот на Бостон против Детроит (108:105), што е втор пораз во низа за Пистонс по одличниот старт 4/0.

Дејмијан Лилард и Јусуф Нуркиќ постигнаа по 22 поена во победата на Портланд кај Хјустон (85:104). Рокетс два меча играат без Харден кој што е повреден, а ова за нив е четврти пораз во низа за скор 1/5.

Аплицирајте веднаш за

Пол Џорџ (12 скока) и Расел Вестбрук имаа по 32 поена во триумфот на Оклахома против Клиперс (128:110), екипата на Тандер го надигра противникот со 39:10 во третиот период што беше клучот за оваа победа.

Кави Ленард имаше 31 поена, колку што имаше и конкурентот Џоел Ембид, во победата на Торонто против Филаделфија (129:112).

Тони Паркер постигна 24 поени во победата на Шарлот против Мајами, Родни Худ имаше 26 во победата на Кливленд против Атланта.

Резултати на 31-ви октомври (ESPN)