ПОЧЕТНА Евролига БОМБА ОД АТИНА: Кармело Ентони се договори(л) со Панатинаикос!?

БОМБА ОД АТИНА: Кармело Ентони се договори(л) со Панатинаикос!?

сподели

Кошаркарот со 15-годишен НБА стаж ќе го носи дресот на шесткратниот европски првак до крајот на оваа сезона, тврди шпанскиот специјализиран кошаркарски портал Solobasket.

Информацијата доаѓа како гром од ведро небо за љубителите на кошарката, но не и за оние кои малку подетално го следат овој спорт. Кармело Ентони беше без клуб откако го раскина договорот со Хјустон Рокитс, а во ПАО доаѓа на инсистирање на новиот тренер на тимот Рик Питино.

Истиот извор тврди дека Мело веќе пристигнал во Атина и ќе го следи натпреварот од Евролигата меѓу Панатинаикос и ЦСКА, а дебито во новиот клуб ќе го забележи во следното коло од елитното натпреварување. Во договорот, на кој му недостига само уште потпис од двете страни, стои дека може да си замине ако има понуда од НБА екипа.

Сепак, информации од САД тврдат дека Ентони и сега имал понуди од тимови од најсилната светска кошаркарска лига, но, наводно, сакал да заигра во европската кошарка, а идната сезона, ментално и физички посилен, да се врати во НБА.

Со неговото доаѓање, ПАО станува еден од главните фаворити за титулата во Евролигата, заедно со Реал, Фенербахче и ЦСКА.