ПОЧЕТНА Евролига БОЛИ ГЛАВА ОД МИЛИОНИТЕ НА ФЕНЕР: Антиќ на четвртото место, Обрадовиќ втор,...

БОЛИ ГЛАВА ОД МИЛИОНИТЕ НА ФЕНЕР: Антиќ на четвртото место, Обрадовиќ втор, Удох и Весели се богаташи!

сподели

Без вртоглави инвестиции, во модерниот спорт нема резултати. Ретки се „искрите“ кои што се „ефтини“, а носат успех. Клубовите во европската елитна лига почнуваат да „вртат“ суми од кои што се зашеметува „паметот“. Далеку се од НБА екипите, но прогресијата во вложувањата е во нагорна линија со секоја одмината сезона.

Нашиот интернационалец Перо Антиќ, заработува 1.3 милиони евра по сезона во турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче. На листата најплатени, на врвот се Јан Весели и Екпе Удох со по 2.6 милиони (според basketball.com.tr).

Аплицирајте веднаш за

Жељко Обрадовиќ е платен 2 милиона по сезона, додека Луиџи Датоме има годишна плата 1.7 милиони евра. Богдан Богдановиќ заработува исто колку Антиќ, а Мухамед Али или Боби Диксон, има плата 1.2 милиони евра по сезона. Костас Слукас инкасира 1 милион евра годишно.

Најплатените 7 кошаркари и тренерот, го чинат тускиот клуб неверојатни 13.7 милиони евра по сезона. Сепак, Фенер не е клубот со најголем буџет во Евролига, туку тоа е ЦСКА Москва. Пред Фенербахче се наоѓа и Реал Мадрид.