ПОЧЕТНА НБА Боксови и пораз на домашното деби на Кралот

Боксови и пораз на домашното деби на Кралот

сподели
Fox News

Освен што загуби во првиот натпревар одигран пред своја публика, екипата на Лејкерс ќе биде десеткувана поради суспензии на двајца од главните играчи во новата сезона.

Крис Пол од Хјустон и Ражон Рондо, заедно со Брендон Инграм од Лејкерс, беа упатени кон соблекувалните затоа што иницираа тепачка.

Аплицирајте веднаш за

Џејмс Харден од Рокетс беше фаулиран, а потоа беше и оттурнат од страна на Инграм, во меѓувреме Пол му брцна со прст во око на Рондо тврдејќи дека претходно бил плукнат во лицето. Рондо замавна накај Пол, овој му врати, а од позадина налета Инграм кој што мавташе со тупаници накај Пол.

Судиите ги исклучија сите тројца, а сигурно е дека ќе следат и дополнителни санкции за овие играчи. Рокетс победија со 115:124, на гостувањето во Стејплс центарот.

На другите мечеви, Никола Јокиќ имаше трипл-дабл со 35 поена, 12 скока и 11 асистенции во победата на Денвер против Феникс со 119:91. Џоел Ембид реализира 32 поена со 10 скока во триумфот на Филаделфија над Орландо (Вучевиќ 27 поени, 13 скока, 12 асистенции) со 116:115.

Резултати:

Портланд – Сан Антонио 121:108
Далас – Минесота 140:136
Чикаго – Детроит 116:118
Мајами – Шарлот 112:113
Њујорк – Бостон 101:103
Индијана – Бруклин 132:112
Вашингтон – Торонто 113:117